• четврток, 19 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - М.Ш. (27) од Скопје вчера во 17.45 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 17.20  часот   на   подрачјето   на Шуто Оризари во Скопје бил физички нападнат од Е.У.(28). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Вчера во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје. При расправијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“. По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела по член 144 став 2 и член 133 од Кривичниот законик, „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот  во село Костурник вчера во 04.45 часот пронашле 11 лица мигранти, од кои две женски и девет машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Куманово вчера во 12.30 часот 65-годишна жена од кумановско село пријавила дека претходниот ден околу 19.15 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.В.(71). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

И.Ќ. (51) од Куманово вчера во 22.30 часот во СВР Куманово пријавил дека од продажно место во негова сопственост,  се оддалечил неговиот син М.Ќ.(18) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Х.Б.(40) од село Стајковци, скопско, утрово во 02.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека околу 00.10 часот во село Стајковци, по претходни нарушени односи физички била нападната од С.Д.(37) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

З.М.(69) од Скопје завчера во 07.50 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Чаир, била физички нападната од лицето С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

А.К.(44) од село Трубарево, скопско, вчера во 22.20 часот во СВР Скопје пријавил дека истиот ден во 22.00 часот во неговиот двор,  по претходно нарушени должничко - доверителски односи бил физички нападнат од неговиот сосед Д.З.(34). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Д.Х.(44) од Скопје вчера во 23.00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил физички нападнат од двајца соседи А.„Н.“ и Р.„Н“ од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Во СВР Скопје вчера во 23.50 часот 40-годишна жена од Кавадарци, со живеалиште во Скопје пријавила дека околу 18.00 часот во продажно место на подрачјето на Драчево во Скопје, додека била на нејзиното работно место, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

С.А.(21) од село Негорци, гевгелиско, утрово во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека во 01.45 часот пред продажно место во Гевгелија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера во 23.30 часот го привеле У.Ш. (65) од Радовиш, по претходна пријава затоа што истиот ден околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата поранешна 57-годишна сопруга во нејзиниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Е.Г.(32) од Радовиш вчера во 16.10 часот во Полициската станица Радовиш пријавила дека околу 14.30 часот во Радовиш,  на неа и на нејзиниот татко Р.Г. им биле упатувани закани по животот од А.Р. од село Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Велес вчера во 11.20 часот било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје  предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, при што во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева. М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница - Велес. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан