• вторник, 19 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - На 23.05.2023 во 14.25 часот во  СВР Струмица од Општа болница Струмица било пријавено дека кај нив бил донесен Т.К.(32) од с.Куклиш, кој, според пријавеното, се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фирма во истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (24.05.2023) во 07.20 часот во СВР Битола  Г.Т.(43) од с.Кукуречани, пријавил дека при копање на гробно место на гробиштата кај „Буковски ливади“ пронашол неексплодирана граната. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од ДЗС, од кого било добиено известување дека се работи за артилериска граната со калибар 105 мм. од Првата светска војна. 

На 23.05.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на И.Ѓ.(77) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

На 23.05.2023 во 23.45 часот Д.М.(19) од с.Криволак-неготинско пријавил дека околу 22.00 часот во угостителски објект во Неготино тој и М.М.(18) биле физички нападнати од Г.С. и С.С. од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од КЗ на РСМ.                            

На 23.05.2023 во 22.00 часот било пријавено дека во Берово на ул.“Моша Пијаде“ настанал пожар во помошна просторија зад семејната куќа сопственост на Г.Б.(52) од Берово. Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица-Берово пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Берово.

На 24.05.2023 во 00.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на Аеродром бил пронајден починат З.Ц.(62). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.                     

Денеска (24.05.2023) во 05.30 часот А.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, а едно од нив употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.05.2023 во 01.15 часот З.Т.(48) од Скопје, пријавил дека на 23.05.2023 околу 22.00 часот на подрачјето на Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 20.20 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.П.(62) и И.Р.(44) двајцата од Скопје, а употребен бил и стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 23.05.2023 во 17.30 часот Т.Б.(40) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Центар по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 15.45 часот М.Б.(30) од Скопје пријавил дека на 22.05.2023 околу 23.50 часот додека ги извршувал своите работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице-гостин во локалот Д.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 08.30 часот С.К.(59) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од О.Н., негов колега. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 13.30 часот Д.А.(21) од Скопје пријавил дека околу 12.15 часот на подрачјето на Гази Баба по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.05.2023 во 16.50 часот И.Т.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговиот брат М.Т.(53) и неговиот внук Д.Т.(29), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 23.05.2023 во 13.45 часот О.Р.(46) од с.Клечовце-кумановско пријавил дека на 22.05.2023 околу 15.00 часот на паркинг во близина на фирма на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од Х.М. и Г.П., негови колеги. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 23.05.2023 во 21.10 часот во Полициската станица Драчево А.Ј.(18) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник. 

На 24.05.2023 во 02.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле З.С.(36) од селото Оморани, општина Чашка. Тој, претходно, на улицата „15 корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи. Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2023 во 00.05 часот Д.П.(45) од Кичево, во полициска станица пријавил дека на градскиот кеј бил каснат од куче скитник. Истиот ден, У.Ш.(27) од кичевското село Зајас, пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 19.15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Л.(40) од с.Желино-тетовско, кој претходно бил пријавен од неговата 64- годишна мајка дека во домот агресивно се однесувал и упатувал закани по нејзиниот и животот на други членови на семејството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 21.35 часот К.Т.(48) од Гостивар пријавил дека на 22.05. околу 12.35ч. во Гостивар бил физички нападнат од Д.В., негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга. Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица. Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.05.2023 во 12.15 часот било пријавено дека во с.Криволак-неготинско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.А.(20) и нејзината свекрва С.Ш. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.05.2023 во 20.35 часот во Полициска станица Куманово Џ.О.(40) од Куманово пријавила дека околу 16.30 часот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од Б.Д. и А.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 11.10 часот во СВР Куманово Љ.Д. од с.Мургаш пријавил дека на 22.05.2023 околу 16.30 часот од дома се оддалечила негова сопруга В.Д. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.05.2023 околу 19.05 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека околу 19.00 часот во с.Жиганци С.Б.(72) од с.Жиганци бил физички нападнат со тврд предмет од негов соселанец Д.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 22.20 часот во СВР Штип е пријавено дека во Македонска Каменица Х.М. од М.Каменица била физички нападната од Н.Д.(27) од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2023 во 12.40 часот во Полициска станица Пробиштип В.Ц.(52) од Пробиштип пријавил дека околу 12.30 часот во неговиот двор во Пробиштип бил физички нападнат од неговиот брат Г.Ц.(54) од Пробиштип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2023 во СВР Струмица е пријавено дека на 23.05.2023 околу 22.30 часот во просторија во Затвор Струмица во Струмица осуденикот Д.П.(37) со остар предмет го нападнал осуденикот Н.Ч.(35) од Македонска Каменица и му нанел повреда на Н.Ч., по што бил совладан од неколку осуденици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вг/

Остани поврзан