• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен ДПЛ

МВР билтен ДПЛ

Скопје, 23 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера во 19.00 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Р.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во автобус. Имено, на 21.07.2023 во близина на скопската тврдина Кале пријавениот со погоден алат насилно ја отворил вратата од паркиран патнички автобус со турски национални ознаки и одзел разни предмети. Со него бил извршен службен разговор, а дел од одземените предметите биле пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера лишиле од слобода малолетник, поради основано сомнение дека заедно со други пет малолетници од нас. Шуто Оризари и Топанско Поле на 08.05.2023 на паркинг простор во нас. Автокоманда извршиле кривично „тешка кражба", при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети. Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело. Во изминатиот период службени разговори беа извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело, и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.

Во текот на раните утрински часови денеска, поточно во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето под надлежност на Секторот за внатрешни работи Битола беше спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се 19 возачи кои што управувале возила со недозволено количество алкохол. Дополнително, во текот на контролите евидентирани се уште 29 возачи по основ на утврдени други прекршоци согласно Законот за безбедност во сообраќајот кои биле санкционирани.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(44) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Т.П.(48) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Имено М.И. набавил хероин со цел понатамошна продажба на корисници, а на 22.05.2022 во Велес, од полициски службеници пријавените се затекнати при купопродажба на дрога, а при извршен преглед во возилото на Т.П. пронајден е и одземен хероин. 

Полициски службеници од СВР Велес утринава во 03.00 часот во Велес го лишиле од слобода Д.Д.(37) од с.Нижилово, поради тоа што околу 02.20 часот во казино почнал агресивно да се однесува, да го оштетува инвентарот, заканувајќи ѝ се на вработената и по вербална расправија физички нападнал друг посетител во казиното, како и полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против П.М.(27) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотична дрога”. На 05.05.2022 во Македонска Каменица, на место викано ,,Репетиторо”, пријавениот во патничко возило „голф 5“ овозможил на едно лице да користи дрога, а по извршен претрес од полициски службеници кај него се пронајдени и одземени семки од канабис и марихуана. 

С.Џ.(48) од Скопје утринава  во 01.40 часот пријавил дека на 22.07.2023 околу 18.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 23.40 часот било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, У.Ш.(35) од Скопје физички ја нападнал неговата 38-годишна невенчана сопруга од Р.Србија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во СВР Скопје вчера во 12.44 часот било пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош бил пронајден починат С.Т.(50). Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.М.(65) од Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.10.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Ебиплија, при што пронашле и одзеле повеќе куршуми различен калибар.

На регионален пат од село Студеничани кон село Драчево вчера во 23.45 часот полициски службеник, додека управувал службено возило, слушнал звук, по што предното стакло на возилото пукнало. Полициски службеници од Полициската станица Драчево и увидна екипа од СВР Скопје констатирале дека оштетувањето настанало најверојатно од предмет.

Вработен во КПУ Затвор Скопје вчера во 12.00 часот пријавил дека на 21.07.2023 околу 23.30 часот од страна на притвореникот И.А.(39) му биле упатени закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 10.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.М.(43), од една страна, и Ј.Ј.(24) и Е.Ј.(30), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

С.Ч.(40) од Велес вчера во 12.50 часот пријавила дека на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.М.(50) од Куманово вчера во 14.15 часот пријавил дека околу 09.00 часот во с.Стрновац, кумановско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица денеска во 09.00 часот од водите на браната кај с.Дрвош било извлечено телото на М.П.(29) од с.Дабиле, струмичко, за кој на 16.07 2023 во 13.30 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека влегол во водите од браната, но не излегол. Извршен е увид, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и телото е предадено на семејството.

Н.П.(41) од с.Подареш, радовишко, вчера во 21.20 часот пријавил дека околу 19.30 часот во селото бил физички нападнат од А.Х., Х.Т. и И.Ф.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На раскрсница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово утринава во 02.00 часот од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен А.Б.(23) од с.Голема Речица, тетовско, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 21.40 часот во Кавадарци од полициски службеници од Полициската станица Кавадарци бил лишен од слобода С.С.(56) од Кавадарци, поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга и нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Д.В.(20) од с.Калуѓерица, радовишко и К.Д.(23) од Радовиш вчера во 02.00 часот пријавиле дека околу 01.45 часот во Радовиш биле физички нападнати од М.А.(37) од Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Б.М.(37) од с.Василево утринава во 01.00 часот пријавила дека на 22.07.2023 околу 23.50 часот во селото нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(25), Љ.Ш.(25), В.Љ.(20), Е.Е.(23), А.Т.(25), М.Џ.(23), Б.Д.(19), А.Е.(26) и Л.Л.(29), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 10.06.2022 во круг на основно училиште во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.

С.С.(36) од с.Ново Село, тетовско, вчера во 21.00 часот пријавил дека на ул.„Илинденска“ во Тетово, од заталкано зрно му било оштетено ветробранското стакло од неговото патничко возило „голф 5“ со тетовски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш вчера во 02.20 часот во Радовиш го лишиле од слобода М.А.(37) од Радовиш, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а потоа и физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (70) од с.Радожда, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2023 година, пријавената во својство на инвеститор започнала со градење на куќа без да поседува одобрение за тоа.

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 02.45 часот во Штип го лишиле од слобода Д.В.(43) од Штип, поради тоа што околу 02.00 часот, по претходна расправија, со остар предмет го повредил Б.Б.(43). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 19.20 часот во с.Олевени, битолско  го лишиле од слобода С.Ќ.(41) од с.Острец, поради тоа што попречувал полициски службеници во извршување на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Г.К.(49) од Кочани вчера во 12.10 часот пријавил дека околу 02.30 часот во Кочани неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан