МВР Билтен (ДПЛ)
- Денеска (18.10.2023) во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 15.10.2023 од возило сопственост на Б.С. од Куманово одзел чанта со пари и други предмети.
Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Денеска (18.10.2023) во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 15.10.2023 од возило сопственост на Б.С. од Куманово одзел чанта со пари и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Неготино и против К.Г.(53) од Велес, одговорно лице од Водостопанство за контрола на работењето на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. На 17.10.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Неготино, кое врши ископ на песок, при што било констатирано несовесно работење од К.Г., односно по истекот на важноста на дозволата за вршење на ископ на 05.10.2023 и без никакво одобрување или дозвола од Министерството за животна средина, правното лице продолжило со активноста на ископ на песок на речното корито во Неготино, на место викано „Илкова лака“.
На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (18 октомври) во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани вкупно 46 прекршоци (ТЕ-31 и ГВ -15). При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 9 други видови сообраќајни прекршоци.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, во текот на 2022 година во Република Бугарија набавил фалсификувана бугарска возачка дозвола за управување со моторни возила и таквата фалсификувана возачка дозвола на 12.02.2023, при управување патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, ја дал на увид на полициски службеници кои вршеле редовна контрола. Притоа, било констатирано дека дозволата е фалсификувана.
На 17.10.2023 во 15.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ѓ.(61) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62) од Кавадарци, директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 7 надвор од населено место и 5 во населено место. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои, 3 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање.
На 17.10.2023 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во која биле откриени и санкционирани 3 возила (ТЕ) со неисправни сопирачки и 1 возило (ГВ) со неизвршен технички преглед. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 4 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Денеска (18.10.2023) во 01.00 часот на подрачјето на Радишани, полициски службеници од Полициската станица Чаир го привеле З.Д.(54) од Скопје затоа што физички го нападнал М.Е.(65) од Скопје, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2023 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.В.(34) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.02.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 17.10.2023 во 09.20 часот во СВР Скопје, М.И.(24) од Скопје пријавил дека на 14.10.2023 околу 20.00 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром едно лице започнало расправија со него, по што го скршило стаклото од пултот, а тој се здобил со повреди на лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2023 во ОВР Ресен, Е.Ј.(53) од Ресен пријавила дека во Ресен била нападната од куче скитник .
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 06.09.2022 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, во просторија во полуотворено одделение, каде пријавениот отслужувал казна, му овозможил на друг осуденик да користи хероин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“. На 17.07.2023, пријавениот како ракооводител во АД „Водостопанство на РСМ“ - подружница „Брегалница“ - Кочани задолжил вработени лица да извршат пренасочување на водата од Злетовска река во каналот за наводнување на оризовите полиња, при што не бил оставен проток на вода во реката, а од таквите дејствија дошло до исушување на речното корито и изумирање на растителниот и животинскиот свет.
На 17.10.2023 во 11.30 часот во СВР Тетово, Н.Б.(49) од Гостивар пријавил дека на кејот на реката Вардар во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 17.10.2023 во 12.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шарпланинска“ во Скопје настанал пожар во помошна просторија во која престојувал Д.М.(80) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство’’. Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон. Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен телефонот потребно е да врати 6.000 денари наместо 2.500 денари, како што договориле.
На 17.10.2023 во 17.10 часот во ОВР Берово било пријавено дека во с.Двориште, беровско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Д.(51). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово. Увид бил извршен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 07.10.2023 на улица „Јабланичка“, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да го удри В.Т.(37) од Струга, кој управувал мотоцикл.
На 17.10.2023 во 11.20 часот во СВР Куманово, Г.М.(57) од Куманово пријавила дека во кругот на Општа болница во Куманово била касната од куче скитник.
Во текот на денешниот ден (18.10.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 31 прекршоци од страна на пешаците. За време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци.