• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 април 2024  (МИА) - Вчера во 18:30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија К.М.(24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициските службеници, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронајдоа и одзедоа ќеси со зелена растителна материја и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе би поднесена соодветна пријава.

Вчера во 21 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Б.Н.(39) од Штип и М.И.(28) од штипско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На булеварот „Железничка“ во Охрид вчера во 18:35 часот,, лишен од слобода е А.П.(24) од охридското село Куратица кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.А.(38) од Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.04.2024 во 02:25 часот, при извршена контрола во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници затекнале две малолетни лица од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против правното и одговорното лице ќе поднесе соодветна пријава.

На 12.04.2024 во 22:30 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле С.М.(43) од село Цера, Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и А.С.(50) од село Цера, во која бил употребен и тврд предмет. Исто така, С.М. агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.04.2024 околу 23:30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција. Лицата претходно, околу 21 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта. Сите тројца биле во добра здравствена состојба.

На 12.04.2024 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од Х.Х.(32) и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Б.С.(29), двајцата од село Челопек. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.   

На 12.04.2024 во 12 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ф.(35) од Скопје пријавила дека на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.04.2024 во 11:30 часот во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди. Според пријавеното, откако В.Н. била преземена од Итната медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и како последица од задушување од настанатиот пожар починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.

На 12.04.2024 во 21:30 часот во Полициската станица Центар, Н.Ј.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 12.04.2024 во 17 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него. Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.04.2024 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Х.Ј.(18) од Скопје пријавила дека на улица „Павел Шатев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.04.2024 во 08:30 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско село било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Т.П.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.04.2024 во 20:05 часот, во Полициската станица Карпош, М.Б.(20) од Скопје пријавила дека на улица „Никола Тесла“ во Скопје била касната од куче скитник.свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан