• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера во 18.20 часот извршиле службен разговор со М.С.(55) од Скопје, затоа што завчера околу 17.15 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал својата вонбрачна 46-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје вчера во 10.25 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.В.(20) и С.М.(36) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат  соодветни поднесоци.

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(44) и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Е.Т.(34) од село Идризово, скопско, вчера во 23.00 часот во СВР Скопје пријавила дека истиот ден околу 21.10 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од С.С.(55) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во дворно место од куќа во Кочани, сопственост на С.С.(36) од населба Оризари, кочанско, утрово во 03.32 часот полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава, пронашле 10 куршуми, калибар 9мм за сигнален пиштол и девет чаури од куршуми, калибар 9 мм  за сигнален пиштол. Истите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

О.Д.(34) од село Стар Караорман, штипско, вчера во 23.24 часот во СВР Штип пријавил дека околу 23.00 часот во угостителски објект во село Радање, општина Карбинци, бил физички нападнат од С.К.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Х.В.(57) од Република Чешка вчера во 07.33 часот во СВР Штип пријавил дека на регионалниот пат Свети Николе - Куманово кај местото викано „Павлешенска Чешма“, при движење со патничко возило „шкода“ со чешки национални ознаки, настанал пожар на неговата камп приколка, која била прикачена на возилото. Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Полициски службеници од ОВР Свети Николе со службено куче од  Единицата за обука на службени кучиња и вклучени 50 жители од село Дорфулија вчера во временски период од 07.00 до 15.00 часот во атар на село Дорфулија, општина Лозово, трагале по исчезнато лице И.М.(35) од село Дорфулија кој бил пријавен за исчезнат истиот ден. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Б.М.(20) од село Василево, струмичко, ноќеска во 00.15 часот во СВР Струмица, пријавил дека вчера околу 23.20 часот на паркинг простор во Струмица бил физички нападнат од Ј.Т.(28) од село Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Д.А.(25) од село Дедино, радовишко, вчера во 10.00 часот во СВР Струмица пријавил дека околу 09.00 часот во Струмица, додека управувал товарно возило „рено“ со струмички регистарски ознаки,  по претходна сообраќајна незгода, возачот од другото возило - комбе, физички го нападнал Д.А., употребувајќи тврд предмет, а потоа со остар предмет го оштетил неговото товарно возило инаку во сопственост на правен субјект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

З.М.(31) од Струмица вчера во 09.40 часот во СВР Струмица пријавила дека околу 09.15 часот на крстосница од регионален пат кон Струмица, додека се движела со своето патничко возило „фолкваген пасат“, едно лице кое управувало патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки се обидел да ја отвори нејзината возачка врата, а со тоа ја загрозил нејзината сигурност и сигурноста на нејзините две малолетни деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

С.А.(21) од село Негорци, гевгелиско, вчера во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека во 01.45 часот пред продажно место во Гевгелија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера во 16.00 часот по претходна пријава го привеле С.Х.(38) од село Подареш, радовишко, затоа што завчера за време на одржување на спортски турнир во село Подареш, упатувал закани кон Ѓ.Ф. и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Куманово завчера во 09.17 часот било пријавено дека во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.С.(25) од Куманово и Љ.Р.(25) од село Черкези, кумановско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

С.И. (68) од Куманово вчера во 19.11 часот во СВР Куманово пријавила дека додека се движела низ градот, едно лице се обидело да и го одземе од рака нејзиниот паричник, и откако не успеало во намерата ја турнал на земја и го напуштил местото на настанот. С.И. од падот се здобила со повреди, констатирани во Градската општа болница Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан