• четврток, 19 декември 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - На 17.05.2024 во 12.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(46) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против И.М.(41) од с.Буковиќ, општина Сарај, вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама по член  247 од Кривичниот законик. Имено, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција постапуваше по пријава од три оштетени лица и на 17.05.2024 лицето беше фатено во моментот на примање на 12.500 евра, претходно криминалистички обработени, а кои и биле давани за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија. Во врска со делото, извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената, при што е пронајдена сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело, документи за кои постои сомнение дека се фалсификувани, договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи. Исто така, при претрес во нејзиниот дом во с.Буковиќ, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени огнено оружје и муниција. Лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на град Скопје. 

СВР Скопје – Единица за насилен криминал - Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 14.05.2024 во домот во с.Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57), кои од здобиените повреди починале на местото. Лицето било изведено пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. 

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик. Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.   

На 17.05.2024 во 21.10 часот на улица „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Р.М.(58) од струшкото село Франгово затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 17.05.2024 во 23.50 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 17.05.2024 во 19.50 часот во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната. Увид бил извршен, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. 

На 17.05.2024 околу 12.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на регионален пат Куманово – Свети Николе, товарно возило „ман“ сo полуприколка со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано од А.Н.(64) од с.Желино, тетовско, се придвижило и удрило во патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(35) од Куманово. При обид на А.Н. да влезе и да го запре, товарното возило удрило во него при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

На 17.05.2024 во 23.50 часот во н.Илинден – Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(30) од н.Илинден затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 17.05.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од К.М.(28) и В.К.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (18.05.2024) во 00.05 часот во СВР Скопје, Е.И.(32) од Скопје и Џ.А.(24) од с.Патишка река, скопско, пријавиле дека на 17.05.2024 околу 22.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (18.05.2024) во 05.50 часот во СВР Скопје, Н.Н.(31) од Скопје пријавил дека околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје, М.И.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.И.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 13.08.2023, полициски службеници запреле патничко возило, во кое совозач бил пријавениот, а при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 17.05.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање за паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Г.П.(29) и Ф.П.(34) од Скопје од една страна и С.Р.(33) од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.05.2024 околу 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Т.(29) и Г.М.(43), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.05.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(30) и Р.Д.(67), двајцата од Скопје, при што А.Б. употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.К.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, гранки од растението канабис и хашиш. 

Денеска (18.05.2024) во 00.47 часот во СВР Штип, И.К.(20) од с.Таринци, општина Карбинци и Ф.Г.(19) пријавиле дека во Штип биле физички нападнати од Ј.С., Д.Д. и Д.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 17.05.2024 во 11.20 часот во ОВР Виница, М.Р.(30) од Виница пријавила дека на ул.„Македонска“ во Виница била физички нападната од С.Н., Џ.Н., Ш.Н. и П.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 17.05.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, 38 - годишна жена од Република Грција пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче Х.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.05.2024 во 14.15 часот во Полициска канцеларија Богданци, А.А.(43) од с.Стојаково пријавил дека во селото бил физички нападнат од И.М. од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.05.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во домот во Валандово бил пронајден починат Б.Е.(56) од Валандово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

На 18.05.2024 во 00.35 часот во Полициската станица Велес, Д.Д.(38) од Велес пријавила дека на улица „Љубљанска“ во Велес била касната од куче скитник. 

На 17.05.2024 во 23.10 часот во ОВР Гостивар, Х.Ш.А.(38) од Гостивар пријавила дека на улица ,,Живко Брајковски" во Гостивар, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 17.05.2024 во 17.20 часот во Полициска станица Гази Баба во Скопје, М.А.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Фуштанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 17.05.2024 во 12.45 часот во СВР Струмица, И.И.(35) од Струмица пријавил дека на бул.„Ленинова“ во Струмица бил каснат од куче скитник. дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан