• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утрово околу 4:40 часот на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи откри вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца. Во двата случаи сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица,  а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица. Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека истите вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки известен е Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај.

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице по член 288 од КЗ за пожари предизвикани во периодот од 15.06.2024 до 10.09.2024 година. Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29.07.2024 запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против Т.И.(27) од село Кременица,битолско, заради постоење на основи  на сомнение дека тој на 04.09.2024 запалил стрниште во атарот на село Кременица, битолско и со тоа сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против правно лице по чл. 288 ст.5 бидејќи на 03.08.2024 околу 17.55 часот во село Стрежево,битолско, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), со привремен престој во Битола, заради тоа што на 04.08.2024 запалил плевна во с. Црнеец,битолско, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. Поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ, поднесена е кривична пријава. Исто така, поднесена е кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради основано сомнение дека пријавениот на 04.08.2024 околу 20 часот во с. Лопатица,битолско, на место викано „Белан атар“ запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар односно сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност “, предвидено и казниво по  чл. 288 ст.1,  од КЗ.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(37) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 20.05.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.04.2024 во казино во Гостивар, пријавениот со нож упатил закани кон една вработена. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А.(38) и Д.О.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“. На 21.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користи К.А., а во кој бил затекнати и Д.О., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, кокаин, марихуана и дробилка, а притоа пријавените се обиделе да фрлат дел од дрогата.

Б.М.(53) од Скопје вчера во 15 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 13 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет и употреба на физичка сила од неговиот малолетен син одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

И.Т. (33) синоќа околу 0:00 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, кои во нападот употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:20 часот го привеле Н.С.(42) од Република Србија поради претходна расправија на тениско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, каде бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу него и П.Р.(42) од Скопје. Нарушувањето е расчистено и на двете лица им биле поднесени соодветни поднесоци.

С.Л.(37) од Скопје вчера во 20 часот во СВР Скопје пријавила дека на 12.09.2024 околу 10 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од А.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Х.А.(32) од Скопје вчера во 23:20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 17:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу пријавителот и А.Г., по што Ф.Г., кој  што бил во придружба на А.Г., со патничко возило „фолксваген голф 6“  го удрил пријавителот и заедно со А.Г. го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Т.Д.(26) од Штип вчера во 10:00 часот во СВР Штип пријавила дека околу 8:20 часот, додека била на своето работно место, била физички нападната од колегата З.М. (60) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

М.А.(35) од Штип вчера во 14:40 часот во СВР Штип пријавила дека околу 14:30 часот на Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Х.С.(54) од село  Беќирлија, општина Лозово, вчера во 15:00 часот во Полициската станица Свети Николе пријавил дека во семејната куќа бил физички нападнат од неговиот малолетен син, кој притоа кршел дел од покуќнината, а потоа во дворот од семејната куќа оштетил едно патничко и едно товарно возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ч.Б.(21) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.09.2024 на ул.„Јордан Мијалков“, полициски службеници извршиле преглед на возило во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.У.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.04.2024, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во куќа каде пријавената привремено престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки.

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 84-годишен маж  од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице.  Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски пријавителот ѝ му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за неговата внука да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А.Д. вчера во СВР Куманово пријавила дека на плоштад Македонија во Куманово била нападната од куче со сопственик.

Вчера во 21 часот во ПС Бит Пазар, било пријавено дека по претходно недоразбирање околу користење на лифт, на подрачје на Бит Пазар, физички биле нападнати С.В.(38) од Скопје и едно малолетно лице. По преземени мерки против сторителите С.И., Г.М. и Н.И. биле поднесени записници за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан