• среда, 25 декември 2024

МВР апелира доколку граѓаните имаат каква било информација за исчезнатиот белгиски државјанин Јорис да пријават во полициска станица

МВР апелира доколку граѓаните имаат каква било информација за исчезнатиот белгиски државјанин Јорис да пријават во полициска станица

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.

- Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид - Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан