• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 16 октомври 2022 (МИА) - На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје - Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак" во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари. Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.09.2022 во 10.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од возило на Б.Т. од Скопје и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Т.К. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.10.2022 во 10.50 часот на бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15.10.2022 во 21.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15.10.2022 во 22.50 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15.10.2022 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15.10.2022 во 22.00 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 16.10.2022 во 00.05 часот на подрачје на Гази Баба – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Ј.З.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 16.10.2022 во 00.30 час на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15.10.2022 во с.Волково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба. Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.10.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода T.В.(30), K.С.К.(33), M.Е.(22) и T.Р.(25), сите од Република Грција. Тие се сомничат дека, како дел од навивачка група, околу 16.00 часот на ул.„Македонија“ физички ги нападнале Н.К.(41) и А.В.(42), двајцата од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека дел од лицата од навивачката група одзеле предмети од продажен објект на улицата. Четворицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 42 мерки возење под дејство на алкохол, 15 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила... Во текот на изминатата вечер (15/16.10.2022 ) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата било констатирано дека 28 возачи управувале возило под дејство на алкохол и против нив се поднесени соодветни поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци. На 15.10.2022 околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. На 15.10.2022 година во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, во близина на Драмски театар, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(55) од Скопје, удрило во велосипедистот Б.В.(74) од Скопје. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. На 15.10.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.П.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ во Скопје била касната од куче скитник. На 15.10.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Д.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил касната од куче скитник. сст/      

Остани поврзан