• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Х.(58) од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека на 19 април оваа година, на Градскиот пазар во Охрид, пријавениот на жител на Охрид му одзел паричник, мобилен телефон и лични документи. Од страна на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор и бил спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Охрид. На 19 април 2021 година на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина, во рамките на која биле откриени и санкционирани 60 возачи (Тетово-50 и Гостивар-десет), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место и 59 возачи (Тетово-37 и Гостивар-22) кои возеле побрзо од дозволеното во населено место. Исто така, биле санкционирани и шест други видови сообраќајни прекршоци (Тетово- еден и Гостивар-пет). Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 38 прекршоци. Санкционирани биле и два прекршоци за нерегистрирани возила, двајца возачи кои возеле без возачка дозвола, санкциониран е еден возач за некористење сигурносен појас, еден за користење мобилен телефон... СВР Струмица во текот на вчерашниот ден спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 29 прекршоци, од кои 17 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции. На 19 април 2021 година во 07:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци - Штип, во близина на надвозникот за село Криви Дол, патничко возило „Бе-ем-ве 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(22) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип. Во текот на вчерашниот ден во 11:13 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Кичево, на излез од село Лопатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(37) од Скопје, патничко  возило „Фиат пунто“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(62) од Демир Хисар и товарно возило „Ивеко“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(47) од село Логоварди. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат пунто“ Д.Ѓ.(63) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола. На 19 април 2021 година во 09:30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(44) од Чучер Сандево, скопско, пријавил дека  на 16 април оваа година околу 12:00 часот неговиот син Ѓ.Ц.(20) од Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во приватна фирма со градежна машина во рудник во село Бразда, се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Во текот на вчерашниот ден во 11:28 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Н.Т.(58) од Скопје, со тешки телесни повреди, со кои се здобил при работа во фирма на подрачјето на Гази Баба. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. На 19 април 2021 година во 14:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.В.(19) од Скопје пријавил дека на улица „Народни херои“ бил каснат од бездомно куче. На 19 април 2021 година во 13:10 часот во Полициската станица Чаир, Ф.Б.(71) од Скопје пријавил дека на улица „Мара Междуречка“ бил каснат од бездомно куче. Во текот на вчерашниот ден во 14:12 часот на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „Форд фиеста“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(49) од Битола, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(51) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Остани поврзан