• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - На 27.10.2021 околу 21:15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од  СВР Битола и САЕ „Тигар“ на улица „Партизанска“ во Битола лишен е од слобода Б.У.(37) од Битола. Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на затворската казна. На 27.10.2021,полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 27.10.2021 во 20:15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(60) од Република Албанија, затоа што по извршените проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. На 27.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 13 надвор од населено место и 11 во населено место. Истиот ден, во периодот од 13 до 19 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле изречени пет санкции. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои девет за управување возило без возчка дозвола, еден за нерегистрирано возило, еден за некористење сигурносен појас и еден за користење мобилен телефон. На 27.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 21 мерка против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место. Отркиени се и 16 други видови. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци. На 27.10.2021 во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „1“ во село Морани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) и мопед, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(24), двајцата од село Морани. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 27.10.2021 во 14:40 часот во Полициската станица Карпош, В.Н.(42) од Скопје пријавил дека на улица .„Скупи“ бил каснат од куче скитник. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 12 прекршоци. свс/

Остани поврзан