• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Б.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 16:30 часот го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Џ.Ф.. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. По приведувањето тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 17:50 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Л.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На Граничниот премин Табановце, вчера во 15:00 часот при извршена проверка на влез во  Р.С.Македонија, на Л.А.(34) од Косово, било констатирано дека согласно оперативната евиденција за него е распишана потерница. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Во ОВР Струга вчера во 19:00 часот е приведен И.А.(25) од Прешево, Република Србија. При преглед извршен на регионалниот пат Струга-Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Велес вчера во 23:40 часот во Велес го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници вчера на подрачјето на СВР Штип спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 25 во населено место и 11 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведена е акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 3 прекршоци. При контролата санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци направени од пешаци и 4 за непрописно паркирање. Во рамки на засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, вчера се  санкционирани 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово. При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци. Во Прилеп вчера во 13:30 часот било пријавено дека на улицата „Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од село Белушина, крушевско. О.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. На поширокото полошко подрачје вчера од 17:00 до 21:00 часот спроведена е засилена контрола на возачите кои не им даваат предност, односно првенство на пешаците. Во контролата биле откриени и соодветно санкционирани 13 возачи (ТЕ), кои не ги пропуштиле пeшаците на обележани пешачки премини и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци. Во контролата, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-1). Полициски службеници од СВР Струмица завчера извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини. Притоа на 4 локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност. По целосно документирање на случајот против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. С.А.(65) од Кичево вчера во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. Во текот на изминатото деноноќие (14.02/15.02.2022) регистрирани се 20 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице на територијата на целата држава.    С.Т.(53) од гостиварско Трново вчера во 11:50 часот во СВР Тетово пријавил дека пред неговата семејна куќа бил каснат од куче скитник. вј/

Остани поврзан