• петок, 27 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера во Скопје ја лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје. Таа била осудена на казна затвор од четири години и три месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, а била барана по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од скоро шест месеци. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера во 23:30 часот со судска наредба, го привеле 33-годишниот гостиварец А.Б. за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во Битола го лишиле од слобода М.Б.(27) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:00 часот го лишиле од слобода Е.Б.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 13:40 часот во Градскиот парк во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Полициската станица Аеродром вчера во 10:15 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје го лишиле од слобода Д.В.(18) од Кочани, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 18:30 часот на подрачје на општин Центар го лишиле од слобода О.М.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 11.09.2022 од стан на ул.„Самоилова“ во Скопје, сопственост на Д.Ц.(71), одзел разни предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:00 часот во близина на Градскиот парк во Скопје го привеле А.М.К.(18) од Република Турција, затоа тоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево вчера во 17:30 часот на подрачјето на Аеродром ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат. Претставници на Центарот за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така, и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. На Граничниот премин „Деве Баир“, вчера во 8:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Г.(37) од Република Албанија, поради  сомнение за извршено кривично дело „фалсификување патна исправа“. При контрола извршена со Граничната служба на Република Бугарија било констатирано дека се обидел да влезе во земја на Европската Унија и покрај тоа што имал активна забрана за влез на територијата на ЕУ. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон... Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место. На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 17 во населено место и 3 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 1 за управување под дејство на алкохол, 1 за претовар, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за неносење заштитна кацига и 5 за непрописно паркирање. На територијата на СВР Битола вчера е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 13 возачи, од кои 12 ја пречекориле брзината во населено место и 1 возач ја пречекорил брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во СВР Охрид вчера во 21:35 часот било пријавено дека околу 19:00 часот на кружната крстосница од ул.„15 Корпус“, ул.„7 Ноември“, ул.„Железничка“ и ул.„Ристо Чадо“ во Охрид, патничко возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. С.К.(60) од Скопје вчера во 23:50 часот во Полициската станица Гази Баба пријавила дека во населбата Ќерамидница била касната од куче скитник. Е.Т.(66) од Скопје вчера во 22:00 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на ул.„Благоја Мучето“ била касната од куче скитник. вј/

Остани поврзан