• среда, 13 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 8:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово, со судска наредба, го привеле 28-годишниот тетовец Џ.И. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 22:00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода 25-годишниот А.А. од тетовско Јеловјане, затоа што при негов и преглед на возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 0:20 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Б.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14:15 часот во Куманово го лишиле од слобода А.Д.(19) од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во СВР Скопје вчера околу 20:00 часот било пријавено дека на улицата „Бутелска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Во рамки на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената,  санкционирани се 172 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 71 возилo ја пречекорилo брзината во населено место, а 101 надвор од населено место. Во ОВР Гостивар вчера во 10:00 часот било пријавено дека на улицата „Беличица“ во Гостивар, патничко возило „опел астра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од Л.М.(46) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во Медицински центар Гостивар.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Во ОВР Гостивар вчера во 11:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Градец – Гостивар,  во гостиварски Градец, 18-годишниот А.И. од ова село паднал од приколка на трактор „ИМТ“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал неговиот 23-годишен соселанец И.Р.. Притоа, А.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за   П.Р.(45) и И.Ј.(66), двајцата од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353  од Кривичниот законик. Првопријавениот П.Р. кривичното дело го сторил како службено лице во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во период од 02.10.2015 до 04.08.2017 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, при што во име на јавната установа од економски оператор, без да спроведе постапка за јавна набавка, набавил мазут во вкупна количина од 190.425 килограми со вкупен износ во вредност од 5.483.198.00 денари. Второпријавениот  И.Ј., во својство на службено лице во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во периодот од 07.08.2017 до 14.11.2017, злоупотребувајќи ја својата службена положба постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во текот на ноември 2017 година набавил мазут од 6.020 килограми повеќе и исплатил износ во вредност од 257.428.00 денари повеќе од предвидената количина и вредност во Договорот на економски оператор, иако согласно своите должности и овластувања по исполнување на предвидената количина и вредност во договорот требало да донесе нова Одлука за спроведување постапка за јавна набавка. Со вака преземените дејствија, прво и второпријавениoт во корист на правно лице од Прилеп му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 5.740.626 денари.вј/

Остани поврзан