• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - На 03.06.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Центар Д.М.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Дебарца“ бил каснат од куче скитник.На 03.06.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Р.Р.(18) од Скопје пријавила дека на ул.“Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник.Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44) , правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 став 3 од Кривичен законик. Имено, прво и третопријавените, во име на второпријавениот правен субјект во периодот од 17.02.2022 година до 13.04.2022 година на инсталација лоцирана на ул. „Индустриска“ бб во Кочани, неовластено тргувале со отпад без да поседуваат дозвола за управување со отпад издадена од стручен орган Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постапиле спротивно на Член 64 став 1 од Законот за управување со отпад (Сл.Весник на РСМ 216/21 од 17.09.2021 година) и за период од два месеци оствариле противправна имотна корист од 1,587,642 денари.На 03.05.2022 во 14,00 часот во Штип на ул.„Трст“ патничко моторно возило „сузуки“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.П.(58) од Штип излетало од коловозот. Во несреќата со тешки тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на Република Северна Македонија спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.При контролата констатирани и законски санкционирани се 165 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на територијата на СВР Скопје 36, на територијата на СВР Тетово 26, на територијата на СВР Битола 22… За време на контролата биле санкционирани и 206 останати прекршоци.На 03.06.2022 во 14.00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И.(23) во с.Камен Дол-Росоман, и мопед „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од Ц.В.(49) од Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В. констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.                                         На 03.06.2022 во 14:14 часот било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ пред клучка „Детелинка“, патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Џ.(28) од Скопје удрило во К.М.(86) од Скопје. Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. дма/

Остани поврзан