МВР-билтен (ДПЛ)
- На 13.12.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.В.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - На 13.12.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.В.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари. Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите. Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарсмки ознаки, сопственост на В.С. од Скопје. Oд пожарот било зафатено и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(45) од Скопје. Повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид бил извршен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Т.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари.
На 13.12.2024 околу 14.20 часот во с.Гајранци, Пробиштипско, полициси службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(61) од с.Стар Караорман, Штипско, а го привеле И.О.(27) од с.Дуф, Општина Маврово и Ростуше, затоа што, по претходни несогласувања околу напасување добиток, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што Б.П. се обидел да употреби и остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.12.2024 во 01.00 часот во ОВР Крива Паланка, А.Д.(26) од Крива Паланка пријавил дека околу 00.40 часот во угостителски објект во Крива Паланка, тој и В.П.(18) од Крива Паланка биле физички нападнати од Г.С. и И.И., двајцата од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, мешавина од метилен-диокси-метамфетамин, како и траги од амфетамин и кетамин.
На 14.11.2024 во 02.30 часот во СВР Скопје, Б.П.(36) од Скопје пријавил дека на 13.11.2024 околу 18.30 часот пред авто сервис на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од сопственикот на сервисот Д.С. и неговиот брат М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје, В.Ш.(33) од Скопје пријавил дека околу 23.35 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 07.10.2024, пријавителот физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга и ѝ нанел повреда.
На 14.12.2024 во 02.00 часот во СВР Скопје, А.А.(22) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, С.Р.(40) од Скопје пријавил дека на 11.12.2024 на детско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(30) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 23.11.2024, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга. мд/
Фото: МИА архива