МВР-билтен (ДПЛ)
- На 14.12.2024 во 23.15 часот на плажа во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа П.С.(40) од Струга.
Скопје, 15 декември 2024 (МИА) - На 14.12.2024 во 23.15 часот на плажа во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа П.С.(40) од Струга. Откако ги забележал полициските службеници, тој исфрлил марихуана, која е пронајдена и одземена. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.12.2024 во 06.45 часот во близина на с.Наколец, Ресенско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маркова нога извршиле контрола на патничко возило „опел фронтера“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(32) од с.Наколец, а сопатници биле Д.Г.(57) од с.Наколец, Д.К.(70) од с.Љубојно и Д.Ј.(29) од с.Наколец. Притоа, кај Д.Г. и Д.К. биле пронајдени ловечки пушки со дозволи, кои не биле во соодветни футроли и против двајцата се поднесени прекршочни платни налози по Законот за оружје. Исто така, во возилото била пронајдена и една ловечка пушка без документ. Со лицата бил извршен службен разговор, по што во консултација со јавен обвинител, поради сомнение за сторено кривично дело по член 396, од слобода бил лишен Ј. Д. и бил предаден на ОВР Ресен за понатамошна постапка.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка.
На 15.12.2024 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.А.(43) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговата 39 – годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.12.2024 во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(36) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал членови на семејството. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.З.(20) и А.С.(20), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект во Гостивар и кај пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 14.12.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Е.К.(34) од село во општина Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината свекрва. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.12.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и татко. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Н.(41) од с.Слатино, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во својство на инвеститор, на место викано „Вртиште“, пријавениот изградил викенд куќа без да поседува документација издадена од надлежен орган.
На 14.12.2024 во 14.18 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив биле донесени Ш.С.(57) со тешки телесни повреди и Р.Р.(31) со телесни повреди, двајцата од с.Бојане, Скопско. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи во с.Липково за фирма од Скопје. Увид на местото извршиле екипа на СВР Куманово и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 21.45 часот на локалниот пат Петровец – Катланово, во с.Ржаничино, скопско, полициски службеници го привеле В.Л.(42) од с.Ржаничино затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.12.2024 во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Струмјани“ на подрачјето на Ѓорче Петров било опожарено патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(28) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.11.2024, полициски службеници во Тетово извршиле преглед над патничко возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
На 15.12.2024 во 05.40 часот во Полициската станица Гевгелија, Ѓ.Џ.(33) од Гевгелија пријавил дека во 04.00 часот во угостителски објект во Гевгелија бил физички нападнат од едно лице вработено како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 22.00 часот во СВР Куманово, В.М.(46) од Куманово пријавила дека околу 20.00 часот пред зградата во која живеат, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од четири други малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, А.Д.(38) од Кочани пријавил дека во Кочани, неговиот малолетен син бил физички нападант од С.Р., Е.А. и двајца малолетници, сите од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 11.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.С.(89) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 14.12.2024 во 19.05 часот во СВР Велес било пријавено дека околу 18.50 часот настанал пожар во куќа на ул.„Љубен Весов“ во Велес. Притоа, од здобиените повреди и изгореници на местото починал сопственикот Д.М.(64) од Велес. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. мд/
Фото: МИА архива