• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
 Скопје, 30 јули 2022 (МИА)На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива. Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 29.07.2022 во периодот од 01.00 до 15.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400м и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 кг и 12 парчиња охридска пастрмка. Притоа, констатиран е и прекршок по чл.23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Денеска (30.07.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.Б.(40) и В.Б.(21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик. Тие на 28.07.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот. Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност. На 30.07.2022 во 00.40 часот на бензиската станица во близина на с.Беровци, прилепско, од страна на полициски службеници од Полициска станица Старавина лишени од слобода се М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, Ф.М.(26) од Прилеп и Х.Т.(49) од с.Големо Коњари, прилепско. Тие се затекнати како со патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д., превезуваат дабови дрва, за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело „кражба“, казниво по член 235 став 3 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 29/30.07.2022 на подрачјето на Карпош во рамки на „Безбедно лето 2022“ извршена е контрола во угостителски објекти со цел преземање на мерки и активности за спречување на нарушување на јавниот ред и мир и контрола точење и продавање на алкохол на малолетници. При контролата во еден од нив биле затекнати две малолетни женски лица како консумираат алкохол, за што против родителот/старателот на малолетниците, правното лице, одговорните и вработената во правното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок. Воедно, при контрола на патничко возило приведени се М.Г.(39), М.В.(38) и С.Н.(44), сите од Скопје и на истите им е сочинет записник за констатирани прекршоци од Закон за лични карти и од Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата. На 29.07.2022 во 10.45 часот, на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица Михајлово, при контрола на патничко возило „пежо 407“, со странски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(56), државјанин на Израел, констатирале дека лицето сторило прекршок по член 147 став 1 алинеа 2 од Закон за странци казнив по член 217 став 1 точка 6 од Законот за странци. Против лицето се изречени законските санкции и изготвено му е решение за напуштање на државата. На 29/30.07.2022, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземена е акциска сообраќајна контрола со цел откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. За време на контролата, полициските службеници затекнаа седум возачи кои управувале возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга-03, Кичево-02, Дебар-01). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. На 29.07.2022 околу 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цетинска“ на кружниот  тек, Т.Р.(64) од Скопје, додека се движел со неговото патничко возило „ауди“, со странски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „ауди“, со скопски регистерски таблички, управувано од неговиот роднина Џ.И., кој му упатил закани и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 околу 15.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека во близина на село Миравци, гевгелиско, кај поранешна асфалтна база, од страна на полициски службеници од Полициска станица Богородица, при обиколка на теренот, било пронајдено починато машко лице, за кое се претпоставува дека е мигрант. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. На 30.07.2022 во 00.30 часот на автопатот Мајка Тереза, во правец од Тетово кон Скопје, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот А.К. и сопатникот С.К. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје. На 29.07.2022 во 17.55 часот во Полициска станица Центар Г.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот на паркинг на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 околу 07.00 часот во Полициско одделение Петровец, С.М.(40) од  с.Миладиновци, скопско, пријавил дека од семејната куќа во с.Миладиновци се оддалечила  неговата ќерка Н.М.(17), која според пријавеното е во љубовна врска со Е.Н. од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 30.07.2022 во 03.45 часот во Полициска станица Кисела Вода, Д.Т.(34) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Кисела Вода, по претходна расправија со неговата девојка К.П., бил физички нападнат од И.П. и од уште едно лице. Во врска со случајот во 01.13 часот К.П.(32) од с.Долно Соње, скопско, пријавила дека околу 01.00 часот пред угостителскиот објект, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и нејзиниот дечко Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 околу 13.20 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп, во близина на Хлорната станица на ЈП „Водовод“, спроти новите гробишта, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од Прилеп, чие што тело се наоѓало во патничко возило „матиз“, со прилепски регистарски ознаки. Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик. Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. На 30.07.2022 околу 01.00 часот на магистрален пат А2, на место викано „Бентомачки пут“ во атар на с.Гиновце, кривопаланечко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од А.С.(22) од с.Баратлија, Општина Ранковце и патничко возило „опел“, управувано од Т.С.(54) од Крива Паланка, двете со кривопаланечки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „опел“, С.Т.(45), Ј.Р.(50), И.В.(44) и С.В.(51), сите од Крива Паланка, додека возачите А.С. и Т.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово. На 29.07.2022 година во 14.00 часот во СВР Битола, 51-годишен жител од Битола пријавил дека околу 11.00 часот во двор на куќа сопственост на неговиот татко во Битола, каде живееле заедно со неговата поранешна сопруга А.Ш., по претходна расправија, таа кон него упатила закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.07.2022 околу 01.00 часот во Полициска станица Македонски Брод било пријавено дека пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Б.(34) и Б.А.(36), двајцата од Македонски Брод од една страна, и З.Р. од Радовиш, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.07.2022 околу 04.30 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека настанал пожар на пластеник со градинарски производи во двор од куќа на ул.„Методија Попоски Мајка“, сопственост на М.И.. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп. На 29.07.2022 во 23.18 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес е пријавено дека од Градско го преземале повреден А.Ф.(40) од Градско, кој бил пренесен во Ургентен центар во Скопје. Полициски службеници извршиле разговор со С.Ф. (32) од Градско, кој бил заедно со повредениот, и тој појаснил дека околу 22.30 часот, А.Ф. во својот дом удрил со рака во стаклена врата и се повредил. За случајот е запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување. На 30.07.2022 во 01.16 часот во СВР Штип е пријавено дека во близина на угостителски објект во Штип околу 01.00 часот Ц.М.(41) од Штип бил физички нападнат од В.М.(35) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 во 12.05 часот во с.Василево, струмичко, пред спортска обложувалница, патничко возило „рено“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од с.Нова Маала, струмичко, удрило во велосипед управуван од Љ.А.(73) од с.Добрејци. Во несреќата велосипедистот се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар  Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица. На 29.07.2022 во 22,45 часот во Полициска станица Тетово, Г.П. (51) од Тетово пријавил дека од неговиот дом во Тетово се оддалечил неговиот татко С.Г.(78). Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал од својот дом и се враќал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 30.07.2022 во 00.05 часот во Скопје на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР. По несреќата сите учесници се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде што кај малолетен сопатник од возилото „пасат“ му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Е.Р. и сопатникот О.Р. (19) од Скопје, како и на еден полициски службеник им биле констатирани телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. На 30.07.2022 во 03.08 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Куманово настанал пожар на патничко возило „мини купер“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(33) од Куманово. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово. На 29.07.2022 во 22.30 часот во СВР Битола 41-годишна битолчанка пријавила дека околу 19.30 часот пред влезот во зградата во која живее во Битола ѝ биле упатени закани со остар предмет од страна на Д.Д., со кого се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 околу 03.25 часот во Полициска станица Битола, Т.С.(26) од Битола пријавил дека на ул.„Чеде Филиповски-Даме“ во Битола настанал пожар во автобус „мерцедес  спринтер“, со битолски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Б.(22) од Битола. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола. На 29.07.2022 во 10.00 часот во Полициска станица Бит Пазар, М.З.(25) од Кичево пријавил дека околу 09.30 часот на ул.„Никола Грчето“ едно лице со закана му одзело паричник со пари и платежни картички. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. На 30.07.2022 во 00.40 часот во СВР Скопје, С.Д. (23) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“, во близина на казино, бил физички нападнат од неколку лица кои биле со патничко возило „мерцедес“ и при нападот користеле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.07.2022 околу 22.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продавница на ул.„Козле“, две лица со закана од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. На 29.07.2022 во 12.45 часот во СВР Тетово А.И.(23) од тетовско пријавил дека на Градскиот плоштад во Тетово, по претходно недоразбирање, тој и неговата сопруга биле физички нападнати од М.Н., Ф.Н. и уште две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.        

Остани поврзан