• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р. М. (43) од Струга и М. Р. (22) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола извршена на улицата „Владо Малески“ во Струга, полициските службеници ги затекнале пријавените при купопродажба на кокаин. Вчера околу 23.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје - Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Б.И. од Скопје, затоа што предизвикал пожар во неговата куќа на улица „Индира Ганди“, која целосно изгорела. Од пожарот делумно бил зафатен и дел од куќа и дуќан, сопственост на Р.М. од Скопје. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г. К. (31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На  23.08.2022 на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, пријавениот бил затекнат како врши јавен превоз на патници со патничко возило „мерцедес“ без да поседува важечка лиценца за вршење на јавен превоз на патници, издадена од надлежен орган на државната управа, односно од Министерството за транспорт и врски. Вчера во 22.20 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(22), Н.И.(22) и Д.А.(20), сите од Скопје, затоа што околу 21.50 часот на ул.„Шуто Оризари“ физички ги нападнале И.М.(30) и Р.М.(21), двајцата од Скопје. На местото на настанот бил пронајден остар предмет. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска во 01.50 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош ги лишиле од слобода Х.Т.(25) и М.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале и спречувале полициски службеници при извршување на службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 07.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на „бул.8 Септември“ настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена“, управуван од вработениот А.К.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.03.2022 на бул.„Александар Македонски“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин. Вчера во 17.10 часот во Полициската станица Драчево, М.Ј.Н.(44), И.Ј.(54) и Е.Р.(61), сите од Скопје, пријавиле дека на 12.10.2022 околу 22.10 часот нивните три малолетни деца биле физички нападнати од неколку деца, од кои некои ги познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив. Вчера во 16.56 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од Скопје пријавил дека на подрачје на Гази Баба бил повреден во нога од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(20) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.03.2022 во кругот на средното училиште во Кичево бил извршен преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. аа/

Остани поврзан