• петок, 08 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на 2022 година пријавениот набавил семе за производство на марихуана и го засадил во саксии, по што произведената марихуана ја препродавал на корисници на подрачјето на град Скопје. На 04.07.2022 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Синоќа во периодот од 23:45 до 2:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане. При контролата било констатирано дека Ф.Ј.(29) од Украина не поседувала дозвола за работа и била приведена во СВР Тетово за понатамошна постапка. Во СВР Тетово утринава во 2:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Пирок, на крстосница со локален пат за село Синичане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од село Синичане и патничко возило „опел зафира“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(43) од село Камењане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „опел корса“, И.Р.(26) и Ф.А.(19), двете од Синичане, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што се санкционирани 427 возачи. Од нив, 282 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, 24 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Во Полициската станица Гевгелија вчера во 22:30 часот било пријавено дека на регионален пат од Стар кон Нов Дојран, М.А.(43) од Нов Дојран, управувајќи мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија. Н.И.(43) од Скопје вчера во 21:30 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. Во СВР Скопје вчера во 14:39 часот било пријавено дека на уицата „Дижонска“ во Скопје настанал пожар на бандера, при што бил опожарен и дел од куќата на З.Н.(50) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид на местото. С.Џ.(53) од Скопје вчера во 11:00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 10:00 часот на улицата „Вера Радосавлевиќ“ на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно женско лице со тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. Во СВР Скопје вчера околу 20:30 часот било пријавено дека во угостителски објект во село Студеничани, скопско, при семејна веселба бил нарушен јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и се работи на расчистување на случајот. А.Б.(46) од Скопје вчера во 18:10 часот во СВР Скопје пријавил дека на улицата „Лазар Личеноски“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. Во СВР Скопје вчера во 15:15 часот било пријавено дека пред маркет на подрачјето на Гази Баба настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен. В.С.(20) од село Лазоровци, кичевско, вчера во 10:.20 часот во Полициската станица Кичево, пријавил дека околу 5:40 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, тој и Б.Н.(20) од Кичево биле физички нападнати од три лица, кои употребиле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. М.И.(42) од Скопје вчера во 20:30 часот во Полициската станица Гази Баба пријавила дека од дома се оддалечила нејзината мајка С.Ѓ.(74). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. вј/

Остани поврзан