• среда, 13 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(43) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес извршен во неговиот дом, по добиена судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка калибар 16 милиметри што нелегално ги поседувал. На 14.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(51) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 15.00 часот на бул.„Александар Македонски“ настанал пожар во товарното возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, а во кое сопатници биле М.Ф. и М.К.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“. Тие, во периодот од 01 до 11 ноември 2022, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Во текот на вчерашниот ден (14.11.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 28 возачи. Од нив 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На 14.11.2022 во Полициската станица Центар, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.К.(57) од Република Турција, со престој во Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал градежни работи на објект во изградба на бул„Кирил и Методиј“. Увид бил извршен, а за настанот бил известен Државен инспекторат за труд. На 14.11.2022 во 16.00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крушево настанал пожар на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирма. Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема. Денеска (15.11.2022) во 00.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.А.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Козаров“, по претходна расправија, бил физички нападнат од В.А.(22) од Скопје и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Ч.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Шаторов – Шарло“, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, В.С.(44) од Скопје пријавила дека на 12.11.2022 околу 13.30 часот на бул.„Партизански одреди“ нејзиниот син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 во 20.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.П.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Пушкинова“ нејзиниот син бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 во Полициска станица Гази Баба било пријавено дека околу 13.00 часот на подрачје на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(48) и В.А.(36), двајцата од Скопје, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.11.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, И.Ј.(37) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека  околу 13.55 часот на ул.„4“ во селото бил физички нападнат од А.Д.(31) и М.Д.(28), двајцата од с.Студеничани, по што М.Д. со остар предмет му нанел повреда. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 13.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, Н.Ј.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Славка Димкова“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари во Скопје, патнички воз на Железници на Северна Македонија удрил во А.С.(46) од Скопје. Во несреќата А.С. се здобила со повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. На 14.11.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Центар - Скопје, две лица(едно машко и едно женско) со закана со остар предмет одзеле пари од 16-годишна малолетничка од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2022 година во 21.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во Скопската чаршија две машки лица со закана кон вработениот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Љ.(23), В.Љ.(19) и Б.Д.(18), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични  дела „насилство“. На 09.10.2022 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, пријавените физички го нападнале Ж.П., а подоцна  истиот на ул.„133“ во Тетово физички го нападнале А.Б. и уште едно лице, при што употребиле и тврд предмет. СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Н.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 12.06.2022 во Скопје, пријавениот со употреба на сила извршил обљуба врз 69-годишна жена. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.Р.(55) од с.Умлена, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка „Бајкал“ калибар 16мм и кожен реденик со 11 ловечки патрони калибар 16мм, кои без дозвола ги држел во неговиот дом. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(37) од село Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.03.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај  пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин и марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(44) од село Велешта, струшко и правно лице од село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот С.Р., во својство на управител на правното лице, по издадено  одобрение од Подрачното шумско стопанство „Јабланица“ - Струга за вршење сеча на обележано место, го искористил одобрението и освен на обележаното место извршил сеча  на дрва на друго необележано и недозволено за сеча место и исекол околу 30 кубни метри огревно дрво и се стекнал со противправна имотна корист од 582.672 денари . СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ж.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од април до јули 2022 година, пријавениот со прикажување на лажни факти дека е вработен во амбасада на странска земја во Северна Македонија, довел во заблуда 37-годишна жена дека може да ѝ посредува при добивање пасош од таа држава, при што се стекнал со противправна имотна корист од 29.200 ден. сх/сп/

Остани поврзан