• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против У.Ф.(32) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 06.04.2022 физички ја нападнал К.Н.(77) во нејзината куќа во Велес и ѝ одзел пари.  На подрачјето на СВР Куманово изминатата недела беа расчистени шест кражби, кои биле извршени во деловни објекти. Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле четири лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата и против нив се поднесени соодветни поднесоци.  Денеска околу 08:30 часот во тетовско Селце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од истото село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата седумдесет и три годишна мајка Н.Д. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на Јавен обвинител телоto на Н.Д. e предадено за обдукција. Во текот на денот осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки матерјал “. Тој на 25.02 2022 година во хотел на улица „Партизанска“ во Струга испукал неколку куршуми од огнено оружје што нелегално го поседувал.Денеска (08.04.2022) во 09:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Климент Охридски" во Струмица, патничко возило „фолксваген голф" со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во село Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од село Русиново, со живеалиште во Струмица. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.  На 07.04.2022 во 14:10 часот во Полициска станица Аеродром, Г.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 07:20 часот во основно училиште на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соучесник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.04.2022 во 17:42 часот во СВР Скопје, Г.Р.(44) од Скопје пријавил дека во угостителски објект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ лицата Љ.Т. и С.Т. му се заканувале и се обиделе да го нападнат со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 07.04.2022 во СВР Скопје, Ѓ.И.(38) од Скопје пријавила дека околу 17:30 часот на улица .„Индира Гандиедно лице физички го нападнало нејзиниот малолетен син и му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.04.2022 во 17:59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Благоја Стефковски“ две лица со закана кон вработениот одзеле пари и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против Н.М.(39) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При извршен претрес во неговиот дом, биле пронајдени 196 пакувања дијаболи со разни големини,  куршуми калибар 12мм и повеќе пиротехнички средства за огномет.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(60) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 27.12.2021, полициски службеници извршиле контрола во патничко моторно возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, на парцела лоцирана на место викано „Манастирец“, сопственост на Република Северна Македонија, узурпирал земјиште и без одобрение за градење изградил објект од тврда градба со што се стекнал со противправна имотна корист. свс/бак/

Остани поврзан