• среда, 15 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 22 март 2021 (МИА) - Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, ОВР Дебар, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.(34) од Дебар. Тој, на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, креирал лажен профил од кој, во повеќе наврати на О.Р. од Дебар му испраќал закани по неговиот живот и видео записи со недолична содржина.

На 21 март во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје. По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кочани, 63 годишна жена пријавила дека на 20.03.2021 околу 22.30 и околу 12.00 часот на 21.03.2020, во семејниот дом во кочанско село, од страна на нејзиниот син З.В.(40) и биле упатувани закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и ќе ја запали куќата. Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.В и против него по комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.А. (32) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 05.02.2021 при извршен претрес на патничко моторно возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки биле пронајдени и одземени бугарска лична карта, возачка дозвола на име на Д.А., 12 документи на бугарски јазик, две зелени карти на бугарски јазик и две сообраќајни дозволи на име на Ј.Т.В. (42) од Р.Северна Македонија, бидејќи бугарската возачка дозвола на име на пријавениот која ја приложил на полициските службеници на увид била фалсификувана и пријавениот не поседувал полномошно за управување на возилото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе  поднесе кривична пријава против Н.И.(22) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“. На 28.05.2020 во 10,50 часот, во куќа  во Свети Николе, од полициски службеници биле затекнати Н.И, како и А.П. и Д.С на кои претходно  Н.И им продал наркотична дрога- хероин и истата била подготвена за користење. При  преглед над лицата и местото биле пронајдени и одземени хероин, марихуана, мешавина од кофеин и парацетамол и алуминиумски фолии.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(41) од с.Боротино,прилепско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.08.2020 од полициски службеници од ОВР Прилеп, при извршен претрес во дом и други простории во с.Боротино, биле пронајдени и одземени пиштол „Continental“, со калибар 6,35 мм, за кој Г.К. не поседувал дозвола за поседување и носење на оружје и шест куршуми калибар 6,35 мм.

На 21.03.2021 во 16,35 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром во продавница две лица со закана со остар предмет од вработена одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан