• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Џ.(45) од Охрид и Н.П.(32) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ и комбе „форд транзит“, што ги управувале пријавените, при што констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. Вчера во периодот од 14:00 до 19:00 часот во Охрид извршени се сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли. Притоа, поради сторени прекршоци, санкционирани се три мотоциклисти, од кои еден е исклучен од сообраќај поради управување без возачка дозвола. Б.С.(35) од Неготино вчера во ОВР Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на покривот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена. Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 4:30 часот го лишиле од слобода Н.Т.(34) од Скопје, затоа што, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(76) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 24 куршуми, девет рамки од разно огнено оружје, еден револвер „Застава“ R44 без цевка со дрвена рачка и др. СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од село Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“. Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари. Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа. Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот, во текот на 2020 година, приливите на своите трансакциски сметки во вкупен износ од 6.668.850 денари не ги пријавил во поднесената задолжителна годишна даночна пријава до даночниот орган и со тоа одбегнал да плати данок во вкупен износ од 666.885 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија. вј/  

Остани поврзан