• недела, 28 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево, денеска во 01:30 часот го лишиле од слобода е Б.К.(52) од Прилеп. При контрола на возило со кое се превезувал, извршена кај месноста „Стара централа“ на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кесе со кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2022 во 20:30 часот од полициски службеници од СВР Охрид лишен од слобода е К.Ж.(22) од Куманово. При претрес извршен во стан во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници пронашле и одзеле предмети со остатоци од марихуана и кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Утрово во 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ш.Б.(36) од Кичево. При  контрола извршена кај Осломешката раскрсница, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа ќесе со кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во периодот од 22:00 до 04:00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија. При контролата санкционирани се 103 возачи. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Струмица...

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 13.08.2022 во 22:00 часот во Тетово од полициски службеници од Полициска станица Тетово лишен од слобода е Ф.С.(33) од Тетово, затоа што околу 15:00 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, ѝ упатил закани на неговата поранешна девојка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2022 околу 12.30 часот полициски службеници од СВР Тетово му изготвиле соодветен поднесок на А.Ф.(38) од с.Нераште, тетовско, затоа што претходно лажно пријавил поплака против негов сосед и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства.

Во угостителски објект во село Жеровјане, тетовско, ноќеска во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.М.(27) од Р.Албанија, поради тоа што непријавено престојувал во државата. Лицето е предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка.

Вчера на подрачјето на Центар полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(53) од Скопје, постапувајќи по пријава од 35-годишна скопјанка според која на автобуска постојка на подрачјето на Центар и во автобус, пријавениот недолично се однесувал, самозадоволувајќи се. Тој е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полициски службеници од Полициска станица Неготино, ноќеска во 01:50 часот го лишиле од слобода е О.Ј.(21) од Неготино, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2022 во 15:00 часот во Полициска станица Гостивар, Ш.А.(39) од Гостивар пријавил дека околу 03.00 часот пред казино во Гостивар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ѓ.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 во 02:50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш.(39) од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23:00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2022 во 14:15 часот во Полициско одделение Сарај, В.М.(66) од с.Волково, скопско, пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Сарај, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 14.08.2022 во 00.25 часот во Полициска станица Тетово Н.Ј.(19) од с.Шемшово, тетовско пријавил дека на 13.08.2022 околу 22:05 часот пред спортски центар во Тетово, тој и неговиот малолетен брат биле физички нападнати од Е.К. од Тетово и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 во 04:45 часот во Полициска станица Гостивар В.С.(24) од Гостивар пријавил дека околу 03:00 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од В.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 во 03:20 часот во Полициска станица Бит Пазар А.И.(19) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 13.08.2022 околу 23:30 часот, додека присуствувал на концерт на плоштадот Скендербег, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 околу 09:00 часот на крстосница од ул.„Шишка“ и ул.„Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци, патничко возило „фиат пунто“, со неготински регистарски ознаки, управувано од И.А.(41) од с.Тимјаник, неготинско, излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.А.(56) од село Лакавица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.09.2021 полициски службеници ги лишиле од слобода Џ.К.(27) од село Врапчиште, Р.А.(22) и Ф.А.(31), двајцата од Гостивар, кај кои бил пронајден кокаин.

На 13.08.2022 во 01:11 часот во Полициска станица Крива Паланка, Д.Н.(36) од Р.Србија пријавил дека во луна парк кај спортска сала во Крива Паланка бил физички нападнат од П.Д.(46) од Битола. Сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 13.08.2022 во 23:10 часот во Полициска станица Кочани С.А.(33) од Кочани пријавил дека околу 22:30 часот во близина на угостителски објект во трговски центар во Кочани неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 во 02:20 часот во Полициска станица Радовиш, В.А.(31) од с.Покрајчево пријавил дека околу 02.00 часот пред угостителски објект во Радовиш бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.08.2022 во 02:15 часот во Полициска станица Неготино, А.С.(27) од с.Пепелиште пријавил дека околу 01:10 часот во угостителски објект во Неготино бил физички нападнат од Н.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2022 во 17:44 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ донесен е повреден Љ.С.(64) од Скопје. Според пријавеното, околу 15:30 часот на пат од угостителски објект на Козјак кон населба Кисела Вода, додека управувал патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, почувствувал  болка во дланката, по што забележал дека бил погоден од дијабола. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2022 во 17:10 часот во Полициска станица Гази Баба, А.Б.(26) од Белгија, со престојувалиште во Скопје, пријавил дека околу 16:00 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Р.Б. и С.Б. од с.Визбегово, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2022 во 23:30 часот во Полициска станица Гази Баба, И.Б.(32) и Д.Б.(40), двајцата од Скопје пријавиле дека околу 21:30 часот во близина на игралиште во с.Инџиково, скопско, нивните три малолетни деца биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.08.2022 во 06:45 часот во Полициска станица Неготино е пријавено дека во с.Криволак, неготинско, по претходна расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.Ф.(18) и Д.И.(18) од една страна и А.Н.(20) од друга страна, сите од Неготино, во која бил употребен и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(59) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.07.2022 од полициски службеници од СВР Тетово на регионалниот пат село Пирок-Тетово, кај стариот сточен пазар, било сопрено комбе „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што од извршената контрола е констатирано дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

На 13.08.2022 во 18:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско. Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17:30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи. За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.А.(48) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено приозиводство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекузори“. На 03.10.2021 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде била пронајдена и одземена марихуана помешана со тутун. дма/

 

 

 

Остани поврзан