• вторник, 12 ноември 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)
Скопје, 2 мај 2022 (МИА) - На 01.05.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(21) од с.Бојане, Скопско. Тој се сомничи дека во периодот од 13.00 до 14.00 часот одзел предмет од продажен објект во трговски центар во Гази Баба. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 01.05.2022 во 22.50 часот во трговски центар во населба Карпош во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Крушопек, Скопско. Тој се сомничи дека одзел предмет во продажен објект во трговскиот центар. Кај него бил пронајден одземениoт предмет и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.    На 01.05.2022 во 19.00 часот на излез од с.Негорци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, на влезот на с.Прдејци, Гевгелиско, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 20 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан. Мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, а за случајот е известен надлежен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.05.2022 во 11.00 часот на место викано „Големиот Поток“ во с.Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин пронашле огревни дрва без жиг, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „пустошење на шуми“ или „кражба на дрва“. Пронајдените дрва биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.05.2022 на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.На 01.05.2022 од 00.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од  Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид. Притоа, во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга.  При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни.На 01.05.2022 во 16.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(33) од Велес, затоа што претходно во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  ОВР Крушево поднесе кривична пријава против С.К.(26) од Ресенско и И.Л.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.07.2021 во Отешево, полициски службеници кај пријавените пронашле марихуана.На 01.05.2022 во 21.35 часот во СВР Струмица, 41-годишен жител на струмичко село пријавил дека околу 19.30 часот во дворот од куќата тој, неговиот син и неговата сопруга биле физички нападнати од неговиот татко Т.Р. и неговиот брат В.Р.. Се работи на расчистување на случајот.На 01.05.2022 во 16.50 часот во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.К.(31) од Кратово, затоа што во домот на неговиот татко се однесувал агресивно и се обидел со тврд предмет да ги нападне неговиот татко и дедо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 01.05.2022 во 15.00 часот во Демир Хисар, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода М.М.(47) од Битола и Б.А.(30) од Демир Хисар, затоа што на ул.,,Маршал Тито“ во Демир Хисар учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 01.05.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(40) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Матка, Скопско, бил физички нападнат од Т.Г.(47) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  На 01.05.2022 во СВР Скопје, Е.К.(43) од Скопје пријавил дека во круг на бензинска станица на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од А.М., поради нерасчистени должничко- доверителски односи. Сочинет е записник за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(21) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашшле и одзеле марихуана и кокаин.На 01.05.2022 во 19.40 часот во с.Стајковци, Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(41) од Скопје, затоа што претходно физички го нападнал О.Ј.(44) од с.Стајковци и се обидел да го повреди со остар предмет. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 01.05.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје, З.Р.(62) од Скопје пријавил дека во кругот на Железара, додека бил на работно место во фирмата во која работел, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице од обезбедувањето, кое притоа употребило и метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.На 01.05.2022 во 21.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека во околу 20.30 часот во с.Висока Маала, Струмичко, Р.Д. и М.Д. биле физички нападнат од Н.М. и Ј.М. од истото село.  Се работи на расчистување на случајот.На 01.05.2022 во 19.37 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во с.Мартиница, Кривопаланечко, настанала физичка пресметка помеѓу И.М.(38) и Д.М.(42), двајцата од с.Мартиница. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(25) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.02.2022, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.На 01.05.2022 во 12.40 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, по претходно случена сообраќајна незгода, настанала расправија помеѓу К.М.(35) и М.И.(25) од с.Селце, Штипско, од една страна и Ј.В.(55), В.В.(28) и И.В.(30), сите од Штип, од друга страна. Притоа, В.В. физички го нападнал М.И., а тој се обидел со остар и тврд предмет да ги нападне В.В. и И.В., но го погодил К.М.. Со лицата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 01.05.2022 во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н.. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб. мд/

Остани поврзан