• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мбапе го стигна Роналдо по ефикасност во деби-сезона за Реал

Мбапе го стигна Роналдо по ефикасност во деби-сезона за Реал

Мадрид, 30 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе го израмни постигнувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо по број на голови во дебитантска сезона за „кралскиот клуб“.

Дваесет и шестгодишниот Французин постигна два гола синоќа во натпреварот од 29. коло од шпанското првенство против Леганес (3:2). 

Мбапе во својата дебитантска сезона стигна до 33 гола за мадридскиот тим, израмнувајќи ја границата на Роналдо и Руд ван Нистелрој. Рекордер е Иван Заморано, кој постигна 37 голови.

- Многу посебно достигнување. Сигурен сум дека најважно е она што го постигнувате со тимот, но секогаш е добро да постигнувате онолку голови колку што дал Кристијано. Знаеме што значи тој за Реал Мадрид и за мене. Тој ми дава многу совети, постигна многу голови. Но, мора да освојуваме и титули, изјави Мбапе за „Marca“.

Францускиот фудбалер дојде во Реал Мадрид во летото 2024. Претходно играше за ПСЖ и Монако. зс/

Фото: ЕПА

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан