Мбапе го искачи Реал на врвот во Ла Лига
- Фудбалерите на Реал Мадрид победија во саботата вечер во дербито од 21. коло во шпанската Ла Лига против Виљареал на гостински терен со 2-0, што им го донесе лидерското место на табелата.
Мадрид, 25 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид победија во саботата вечер во дербито од 21. коло во шпанската Ла Лига против Виљареал на гостински терен со 2-0, што им го донесе лидерското место на табелата.
Реал беше подобар од самиот почеток, а во водство дојде на стартот од второто полувреме со голот на Мбапе.
Виљареал потоа се обиде да се врати во игра, но Жерар Морено ја пропушти најдобрата шанса во 63. Минута.
Победата на Реал беше потврдена во 94. минута кога Мбапе погоди од пенал за 2-0.
Реал води на табелата со 53 бодови, два повеќе од второпласираната Барселона, која денеска го пречекува Овиедо. ег
ФОТО: ЕПА