• среда, 25 декември 2024

Мбапе годинава ќе биде најплатен фудбалер во светот

Мбапе годинава ќе биде најплатен фудбалер во светот

Њујорк, 8 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе ќе биде најплатен фудбалер во оваа сезона со заработка од 128 милиони долари, објави американското списание „Форбс“.

Мбапе со тоа ќе ги симне од тронот Аргентинецот Лионел Меси и Португалецот Кристијано Роналдо кои изминатите осум години беа најплатени фудбалери во светски рамки.

Според проценките на „Форбс“, Мбапе оваа сезона ќе инкасира 128 милиони долари, од кои 110 врз основа на годишната плата која ја има договорено со францускиот клуб и дополнителни 18 милиони долари од спонзори.

Соиграчот на Мбапе во ПСЖ, Меси, оваа сезона треба да заработи 120 милиони долари (65 милиони долари од плата и 55 милиони од спонзори“, додека приходите на членот на Манчестер јунајтед, Роналдо, оваа сезона се проценети на 100 милиони долари. Португалецот има плата од 40 милиони долари, а од спонзори инкасира дополнителни 60 милиони долари. ег/паг/

Остани поврзан