• среда, 25 декември 2024

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД

Вашингтон, 5 јуни 2023 (МИА) – Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ).

Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда.

Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп.

Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.

Пенс им се приклучува на се поголемиот број републикански кандидати, меѓу кои се Трамп, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан