• четврток, 26 декември 2024

Мајкрософт: Не продаваме технологија за препознавање лица на полицијата

Мајкрософт: Не продаваме технологија за препознавање лица на полицијата
Њујорк, 11 јуни 2020 (МИА) - Компанијата „Мајкрософт“ денеска објави дека нема да ја продаде својата технологија за препознавање лице на полицијата сè додека не постои федерален закон во САД кој ќе го регулира тој проблем. „Ние не ја продаваме нашата технологија за препознавање лице на американската полиција и додека не постои национален закон заснован на почитување на човековите права, ние нема да ја продадеме оваа технологија на полицијата“, се вели во соопштението на компанијата. Еден ден претходно, Амазон воведе едногодишен мораториум на полициска употреба на нивниот софтвер за препознавање лица. ссм/

Остани поврзан