• недела, 24 ноември 2024

Мајкл Медсен уапсен поради упад на туѓ имот

Мајкл Медсен уапсен поради упад на туѓ имот
Лос Анџелес, 25 февруари 2022 (МИА) - Американскиот глумец Мајкл Медсен е уапсен завчеравечер поради наводно натрапување во туѓ двор. Сопственикот на имотот ја известил полицијата за недозволеното влегување, па властите го уапсиле Мадсен. Глумецот е виден со лисици на рацете додека излегувал од својата куќа во Малибу, придружуван од полиција. Мадсен потоа бил пренесен во блиската болница. Добил и казна од 500 долари за прекршокот, па бил ослободен вчера наутро, според полицискиот извештај. Веста за неговото апсење доаѓа само еден месец откако неговиот 26-годишен син Хадсон си го одзеде животот од огнено оружје на Хаваите, на островот Оаху. [caption id="attachment_1668709" align="alignleft" width="1240"] Мајкл и Хадсон Медсен[/caption] Глумецот, можеби најпознат по филмовите на познатиот режисер Квентин Тарантино, бил шокиран од самоубиството на својот син војник. - Разговарав со него неколку дена претходно, рече дека е среќен, мојата последна порака од него беше „Те сакам, тато“. Тој погледна во својата иднина, па - тоа е тоа. Чудно. Едноставно не можам да сфатам што се случи!, рече Медсен за „Лос Анџелес тајмс“. Мадсен во 2019 година беше осуден на четири дена затвор и пет години условна казна по несреќа во пијана состојба во Малибу. Бил уапсен и во 2012. поради возење под дејство на алкохол, па осуден на 30 дена рехабилитација.  си/паг/

Остани поврзан