• петок, 27 декември 2024

Мајкл Ман го навести филмот „Жештина 2“

Мајкл Ман го навести филмот „Жештина 2“

Лос Анџелес, 21 јули 2022 (МИА) - Режисерот Мајкл Ман на крајот на осмото десетлетие од животот реши да ѝ се врати на приказната од еден од најдобрите филмови во својата кариера...

Имено, тој се враќа на режисерското столче по седумгодишна филмска пауза - за филмот „Ферари“ (Ferrari) којшто наскоро ќе почне да се снима, но тука е и неговиот роман „Жештина 2“ (Heat 2), којшто ќе се појави во книжарниците во август, а кој, според Ман, ќе стане и филм. Се работи за претпродолжение на култниот филм „Жештина“ од 1995 година. Во новото интервју со Марк Марон, Ман ги потврди наводите. - Ова е книга, но наскоро ќе биде навистина голем филм. Отсекогаш сум сакал да го истражам раниот живот на овие момци, но и како да го внесам минатото во сегашноста. Секако, ќе треба да се најдат соодветни глумци кои ќе ги прифатат улогите кои ги толкуваат Ал Пачино, Роберт де Ниро и Вал Килмер во првиот дел. Но, Ман тврди дека има големи планови како да го направи тоа. Сепак, засега на дневниот ред на Ман се новата сезона на „Пороците на Токио“ (Tokyo Vice) и - филмот за животот на Енцо Ферари со Адам Драјвер и Пенелопе Круз во главните улоги. - Тоа е опера. Мелодрама. Сè што беше тој се судира со она што ќе стане. Тоа е спектакуларна мелодрама за вистинскиот живот, истакна режисерот сценарист.  си/

Остани поврзан