• недела, 24 ноември 2024

Мајкл Кејн, сепак, не оди в пензија

Мајкл Кејн, сепак, не оди в пензија
Лос Анџелес, 18 октомври 2021 (МИА) - Иако неодамна навести дека годинешниот „Најпродавани“ (Best Sellers) може да биде неговиот последен филм, британскиот глумец Мајкл Кејн за весникот „Варајети“ сега вели дека сѐ уште не планира да се пензионира. Имено, 88-годишникот во мигов има неколку понуди за нови филмови. - Што се однесува до пензионирањето - минав 50 години станувајќи во шест наутро за да снимам филмови, немам намера да се ослободам од мојот будилник, рече Кејн. Кусо потоа, тој на Твитер напиша: „Не сум се пензионирал и многумина го знаат тоа“. Според ИМДБ, Кејн би можел да глуми во барем уште три идни филма - „Среден век“ (2022), „Големото бегство“ и „Сега ме гледаш 3“.  си/

Остани поврзан