• четврток, 26 декември 2024

Мајкл Б. Џордан изнајмил цел аквариум за Лори Харви

Мајкл Б. Џордан изнајмил цел аквариум за Лори Харви
Лос Анџелес, 16 февруари 2021 (МИА) - Глумецот Мајкл Б. Џордан и Лори Харви го прославија Свети Валентин со поглед под морето. Имено, тој изнајмил цел еден аквариум за неговата девојка и помлада колешка за Денот на вљубените. Лори се пофали со тоа преку „Приказните“ на Инстаграм. „Мојот најмил изнајми цел аквариум за да можеме да направиме приватна обиколка и да ги видиме желките, а потоа влеговме во ова...“, напиша таа споделувајќи видео од тунел украсен со цветни ливчиња и свеќи. На друго видео, Лори ја покажа и вечера, којашто вклучува огромни букети рози, повторно свеќи и оброк од луксузниот јапонски ресторан „Нобу“ во САД. Потоа следеше и романтичната постела. Ова е нивниот прв Ден на вљубените заедно.  Си/

Остани поврзан