• недела, 28 јули 2024

Мајка и две малолетни деца од Конго забележани во камион на царинскиот терминал во Штип

Мајка и две малолетни деца од Конго забележани во камион на царинскиот терминал во Штип

Штип, 8 ноември 2023 (МИА) - Мајка и две малолетни деца од Конго се забележани во камион на Царинскиот терминал во Штип. Според извештајот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип трите лица биле забележани од возачот на камионот, кој веднаш го пријавил случајот.

-Денеска во 7:10 часот во СВР Штип Н.М.(46) од Гевгелија, кој управувал товарно возило со гевгелиски регистарски ознаки пријавил дека на царински терминал во Штип во товарниот дел од возилото забележал три лица мигранти од Конго, меѓу кои две малолетни. Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР-Штип. вдј/дма/

Фото: МИА  

Остани поврзан