• среда, 25 декември 2024

МАЧР ги додели HR наградите за 2020 година

МАЧР ги додели HR наградите за 2020 година
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Mакедонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ги додели HR наградите за 2020 година. Наградата менаџер на годината беше доделена на Марија Попова Мајсторова од Адиент Штип, а наградата за млад ентузијаст на годината ја доби Марија Попризова. За најдобра практика на годината беше избрана практиката „Во тимот е силата", чие одговорно лице е Ангела Шенгуловска од Охридска банка АД Скопје. Доделувањето на овие награди е спроведено по седми пат. Како што соопштија организаторите, целта на овие награди е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси. Конкурсот за избор и доделување на HR наградите за 2020 година беше објавен на почетокот на март оваа година, со можност за доставување на номинации до крајот на месецот. -Селекцијата на кандидатите и финалистите за HR наградите за 2020 година беше спроведена од страна на седумчлена кпмисија, составена од истакнати HR професипналци, како и добитниците на минатогпдишните HR награди во истите категории, соопштија од Македонската асоцијација. Како што посочуваат, процесот на избор меѓу пријавените кандидати за наградите HR менаџер и млад HR ентузијаст се одвивал преку оценување, евалуација и интервју на пријавените кандидати. Изборот за најдобра HR практика се одржа во текот на настанот на доделување на наградите, каде што сите присутни имале мпжност да гласаат за една од практиките кои беа избрани како финалисти од страна на комисијата. Оваа година, настанот за доделување на HR награди беше дел од програмата на настани на асоцијации, кои се членки на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (EAPM), во насока на одбележување на Меѓународниот HR-ден. Наградите на добитниците им ги додели претседателот на МАЧР,  Дарко Петровски.бт/лв/  

Остани поврзан