• среда, 25 декември 2024

Маче и куче од ист дом, редовно даруваат крв

Маче и куче од ист дом, редовно даруваат крв
Лос Анџелес, 1 октомври 2021 (МИА) - Британката Менди Панел и нејзиниот партнер Томас Милс го делат својот дом со мачорот Весли и кучето Спок... А, нивните миленичиња веќе сега редовно даруваат крв и со тоа спасуваат други миленичиња. - Весли е многу добро маче кога станува збор за дарувањето крв. Преде цело време... Па, ќе погледне накај кучето и го бара кога е исплашено. Се грижи и за нашата помала мачка, вели Менди. Иако постои одредено соперништво меѓу нив, Весли и Спок сепак се многу блиски. Мачката досега десетпати дарувала крв, а кучето - пет пати. Пред процедурата, секогаш се прави преглед за тоа дали животните можат да даруваат крв, а сѐ зависи и од нивниот темперамент. Инаку, кучињата закрепнуваат побрзо од мачките по дарување крв.  си/сд/

Тагови

Остани поврзан