• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Махач и Давидович во финалето во Акапулко

Махач и Давидович во финалето во Акапулко

 

Акапулко, 1 март 2025 (МИА) – Чехот Томаш Махач и Шпанецот Алехандро Давидович ќе се соочат во финалето на АТП тенискиот турнир во мексиканскиот град Акапулко што се игра за награден фонд од 2,7 милиони долари.

Осмиот носител Махач во полуфиналето го победи Американецот Брендон Накашима со 6:4, 1:6, 6:4, додека Давидович триумфираше над деветтиот носител Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:6 (1).

За олимпискиот шампион во мешани двојки од Париз, Махак, ова ќе биде второ финале на АТП турнирите, додека Давидович ќе игра во третото.

И двајцата сè уште се без титула на највисоко ниво. ег

ФОТО: АТП/Фејсбук

Остани поврзан