• сабота, 23 ноември 2024

Матeус: На Тедеско би му го доверил почетокот на новата ера во Шалке

Матeус: На Тедеско би му го доверил почетокот на новата ера во Шалке
Берлин, 22 февруари 2021 (МИА) - Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Лотар Матеус ја поддржа идејата за враќање на Доменико Тедеско во Шалке. - Тедеско продолжува да биде важна фигура за Шалке. Би му доверил да започне нова ера и повторно да го изгради тимот, изјави Матеус. Тедеско веќе соработуваше со Шалке од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2017/18, клубот од Гелзенкирхен, под негово водство, го зазеде второто место во Бундеслигата. Во март 2019 година тренерот беше разрешен, а во октомври стана тренер на Спартак. Оваа сезона Шалке со само девет бода од 22 натпревари е последен во поредокот во Бундеслигата. зс/

Остани поврзан