• петок, 20 декември 2024

„Матрикс 4“ доби поднаслов

„Матрикс 4“ доби поднаслов
Лос Анџелес, 25 август 2021 (МИА) - Филмското студио „Ворнер брос“ го откри поднасловот на четвртиот дел од серијалот филмови „Матрикс“. Кијану Ривс повторно ќе го глуми главниот лик Нео, како и во претходните три дела. Така, новото остварување се вика „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix: Resurrections). Според трејлерот објавен претходно, Нео се наоѓа во монотон свет, сличен на реалноста во првиот дел од филмот. Главниот лик ја среќава својата сакана Тринити во кафуле, но не ја препознава... Филмот, според најавите, ќе почне да се прикажува од 22 декември оваа 2021 година.  си/сд/

Остани поврзан