• понеделник, 29 јули 2024

Матиќ: Солскјер е многу подобар тренер од пред една година

Матиќ: Солскјер е многу подобар тренер од пред една година
Манчестер, 3 март 2020 (МИА) - Интересна изјава даде еден од најискусните играчи на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ за неговиот менаџер Оле Гунар Солскјаер. Триесет и едно -годишниот играч од средниот ред го опиша Норвежанецот како многу подобар тренер од пред една година, кога за прв пат ги водеше „црвените ѓаволи“. Ова беше како одговор на прашањето за развојот на поранешниот напаѓач во неговата улога како ментор. - Секако, се развива секој ден. Станува се подобар и подобар со секој изминат ден. Тој е многу подобар менаџер од пред една година, тој ги познава сите играчи, тој знае што треба да прави пред секој натпревар и искуството е многу важно во оваа работа, заклучи искусниот играч од средниот ред.

Остани поврзан