• вторник, 24 декември 2024

Матеус: Баер Леверкузен ќе ја освои германската титула

Матеус: Баер Леверкузен ќе ја освои германската титула

 

Берлин, 12 февруари 2024 (МИА) – Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус го посочи Баер Леверкузен како тимот кој сезонава ќе го симне Баерн Минхен од тронот и ќе ја освои титулата во Бундеслигата.

Лидерот на табелата Баер изминатиот викенд го совлада Баерн на домашен терен 3-0 во 21 прволигашкото коло и ја зголеми предноста на пет бодови пред актуелниот шампион на второто место на пет бодови пред.

Според Матеус, фудбалерите на Баерн загубиле во најважниот натпревар во битката за титулата.

„Леверкузен заслужено победи, Баерн немаше никакви шанси. Тешко ми е тоа да го кажам, но Баерн нема шанси да ја освои титулата во Бундеслигата. Тоа одамна не се случило“, изјави Матеус.

Според него, виновник за поразот на Баерн е тренерот Томас Тухел.

„Бев многу изненаден што Баерн не ги користеше во играта ѕвездите кои ја имаат клупската ДНК. Доколку јас сум Томас Тухел ќе се потпрев на Матијас де Лихт, Џошуа Кимих и Томас Милер, особено на натпреварот во Леверкузен“, додаде Матеус во изјава за германските медиуми. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан