• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција

Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција

Рим, 16 април 2025 (МИА) - Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа бил примен во болница на закажана операција за да се вгради пејсмејкер, пренесуваат италијанските медиуми.

Матарела е хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“ во Рим поради вградување пејсмејкер, соопштија медицински извори, објаснувајќи дека неговата состојба е добра.

Претседателската палата соопшти дека Матарела вчера работел и го примил премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во официјална посета на Италија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан