• недела, 28 јули 2024

Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега

Мас: Изјавите на Ердоган за Макрон се најлоши досега
Берлин, 26 октомври 2020 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот претседател Емануел Макрон како најлоши досега. На прес-конференцијата што ја одржа заедно со претседателот на Агенцијата за атомска енергија, Мас рече дека германската Влада е солидарна со својот европски сосед во борбата против исламскиот екстремизам. Ердоган изминатиот викенд го критикуваше претседателот на Франција за неговиот однос кон муслиманите, велејќи дека тој се „изгубил“. јт/

Остани поврзан