• сабота, 23 ноември 2024

Мас бара Белорусија да појасни што се случи со Колесникова

Мас бара Белорусија да појасни што се случи со Колесникова
Берлин, 7 септември 2020 (МИА) - Германија го повика претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, да појасни што се случило со опозициската лидерка Марија Колесникова по извештајот дека утрово била однесена во Минск од страна на неидентификувани маскирани лица. - Ние сме многу загрижени за г-ѓа Колесникова. Бараме да се разјасни каде се наоѓа таа и бараме ослободување на сите политички затвореници во Белорусија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас преку налогот на германското Министерство за надворешни работи на Твитер. Соработниците на Колесникова велат дека непознати лица утрово ја однеле во непознат правец, а таа не одговарала на телефон. Колесникова е член на опозицискиот Координативен совет, за кој се води истрага од белоруските власти. Германија, која во моментов претседава на Европската унија, работи напорно на пакетот санкции на ЕУ против лидерот во Белорусија, додаде Мас. Тој рече дека континуираните апсења и насилства врз членови на опозицијата и демонстранти се неприфатливи. „Секој што гледа слики со мирни демонстрации од Минск не може да ги затвори очите пред фактот дека луѓето бараат промена на политиката и стилот на лидерство“, напиша Мас. Тој додаде дека Германија и други европски земји во повеќе наврати побарале од Лукашенко да почне политички дијалог со опозицијата, но дека ова барање е игнорирано. „Ако господинот Лукашенко не го смени својот курс, ние во ЕУ ќе реагираме“, објави Мас на Твитер. ссм/  

Остани поврзан