• недела, 22 декември 2024

„Мастеркард“ отвара претставништво во Северна Македонија

„Мастеркард“ отвара претставништво во Северна Македонија

Скопје, 1 март 2023 (МИА) - Мастеркард“ преку огранокот за Европа отвара преставништво во Скопје, а за нов генерален директор за Југоисточна Европа е назначен Бартош Чиолковски.

- Мастеркард беше првата платежна картичка издадена во Република Северна Македонија и во изминатите дваесет и пет години увидовме дека земјата се издвојува како иновативно и напредно општество на Балканот, посветено на развој на дигиталната економија, корисничко искуство (UX) со врвен квалитет за потрошувачите и услуги за електронското банкарство. Горди сме што Мастеркард континуирано инвестираше во развојот на инфраструктурата за бесконтактни NFC плаќања и економскиот еко-систем како стабилна мрежа на меѓусебно поврзани фирми и институции, така што сега можеме да одбележиме прифаќање на 100 проценти бесконтактните платежни уреди во земјата, вели Вања Манова, менаџерка на „Мастеркард“ за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. 

Според истражувањето и анализата на трендови спроведено од Мастеркард, плаќањето со картички во Северна Македонија расте со двоцифрена стапка на годишно ниво, а вредноста на плаќањата со дебитни картички е речиси двојно зголемена од 2019 година. 

Новиот генерален директор за Југоисточна Европа, Чиолковски се приклучи на Мастеркард во 2005 година, а пред да биде назначен на оваа функција ја извршуваше улогата на генерален директор за Полска. бак/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан