• среда, 27 ноември 2024

Маслото за јадење од денес во Албанија 321 лека или 2,6 евра

Маслото за јадење од денес во Албанија 321 лека или 2,6 евра
Тирана, 6 април 2022 (МИА) - По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти.
Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.
- Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90, 5 лека, пренесува Ора њуз.
За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.
„Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени“, стои во одлуката.
Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување на населението. вт/паг/

Остани поврзан