• сабота, 23 ноември 2024

Маск ја повлече тужбата против „Опен-АИ“, откако објавија негови пишани пораки

Маск ја повлече тужбата против „Опен-АИ“, откако објавија негови пишани пораки

Лос Анџелес, 12 јyни 2024 (МИА) - Mилијардерот и сопственик на социјалната мрежа „X“ и компаниите „Тесла“, „Старлинк“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск ја повлече тужбата против технолошката фирма „Опен-АИ“.

Маск ја тужеше „Опен-АИ“, каде што тој беше еден од основачите, бидејќи оваа фирма почна да наплаќа за одредени услуги, иако тоа „не требаше да биде мотивирано од профит“, како што тврди милијардерот. Од друга страна, адвокатите на „Опен-АИ“ побараа да се отфрли тужбата, а меѓу доказите доставија и мејлови испратени од Илон Маск додека тој сѐ уште бил активен во таа компанија.

Во преписката, Маск вели дека дел од услугите мора да се наплатат за „финансирање на истражување и развој“, што е сосема спротивно од она за што тој ја поднел тужбата.

Инаку, „Опен-АИ“ е основана во 2015 година, а меѓу основачите беше и Маск. Тој ја напушти компанијата во 2018 година, наведувајќи ја програмата за вештачка интелигенција на „Тесла“ како причина, каде што потенцијално би имало конфликт на интереси.  си/

 

Остани поврзан